ВИДЕО: Македонија ЃП водеше со 2:0, но Стеауа направи пресврт во вториот дел

Македонија ЃП со пријателски мечеви ја темпира формата за новата сезона/Фото: facebook.com/fc.macedoniagp

И екипата на Македонија Ѓорче Петров преку пријателски натпревари ја темпира формата пред стартот на новата сезона.

„Лавовите“ од Ѓорче Петров имаа контролен меч против поранешниот европски шампион Стеауа од кој беа поразени со 3:2.

После првото полувреме водеше составот на Муарем Бајрами со резултат 2:0, головите беа дело на Мишевски од слободен удар во деветтата минута и Ѓурѓевиќ во 21 минута.

Во вториот дел следуваше пресвртот на Романците преку Кирипирлиу во 53 минута од пенал, а двоен стрелец беше Трица во 73 и 82 минута.

Потсетување дека Македонија ЃП ова лето ќе настапи во второто квалификациско коло во Лигата на конференции, а противник е ЦСКА Софија од Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот