фото: EPA/CAROLINE BREHMAN

ВИДЕО | Мајсторија од слободен удар: Прв гол на Сон во МЛС лигата

Јужнокорејската суперѕвезда Сон Хеунг-мин го постигна својот прв гол во американската фудбалска МЛС лига – слободен удар во ремито на Лос Анџелес со Далас (1:1).

Сон, поранешниот капитен на Тотенхем кој овој месец потпиша за ЛА за рекордни 26 милиони долари во МЛС, го имаше својот трет настап и втор како стартер за својот нов клуб.

Шест минути по почетокот на натпреварот во предградието на Далас, Сон изведе брилијантен слободен удар во мрежата од 25 метри.

– Среќен сум што го постигнав мојот прв гол за МЛС, а исто така и за ЛАФЦ. Но, за мене најважно е да ги освоиме трите бода. Навистина, навистина сум разочаран поради тоа – рече Сон.

Лос Анџелес по 25 одиграни мечеви е на четвртото место на табелата со 41 бод, а првопласиран е Сан Диего со 53, со напомена дека оваа екипа има 28 одиграни мечеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот