ВИДЕО | Мајли Сајрус знае босански, ама дали знае да витка сарајлии: Слушнете и сами!

Мајли и Пит/Printscreen/Youtube
Мајли и Пит/Printscreen/Youtube

Мајли Сајрус, пејачката која е препознатлива по својот скандалозен, провокативен и воопшто турбулентен живот на поп ѕвезда, направи уште еден неочекуван потег деновиве. Цела Твитер заедница „гори“ од нејзиниот босански!

Aјде да слушнеме за што станува збор.

Имено, за новогодишните празници, Мајли беше дел од специјалната програма на NBC во која таа и комичарот Пит Дејвидсон направија шоу за паметење.

Еден од сегментите кој ги разбранува гледачите, особено балканската заедница на интернет е делот кога Пит порачува дека ќе научи некој нов тежок јазик во новата година, како босанскиот, на што Мајли отпева

„Знам босански“.

Погледнете го видеото и слушнете го делот во кој Мајли го „владее“ босанскиот:

Овој натпев ги збудале корисниците на твитер мрежата и брдо коментари во врска со нејзиниот „флерт“ со оваа тема, а особено фактот дека периодов многумина ја споредија со Лепа Брена, која е по потекло од Босна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот