ВИДЕО: Мачка го предвидува победникот меѓу Австрија и Македонија!

Фото: Youtube/принтскрин

Покрај луѓето кои секојдневно до почетокот на Европското првенство ги споделуваат своите предвидувања околу натпреварите, кој ќе стигне до титулата, истото го прават и животните.

И во минатото сме биле сведоци како на пример октоподите, мачките, кучињата, слоновите, камилите, желките ги предвидуват победниците на натпреварите, или пак шампионите, не само на фудбалските натпревари.

Со нетрпение го очекуваме првиот меч на македонската А репрезентација в недела (13 јуни) од 18.00 часот во Букурешт против Австрија.

Австријците се фаворити на хартија, но избраниците на селекторот Игор Ангеловски нема да се задоволат само со учеството на континенталниот собир, туку ќе бркаат и нови големи историски резултати во групата „Ц“.

На Јутјуб излезе едно интересно видео во кое мачката Кес го предвидува победникот од дуелот Австрија – Македонија, а таа ја избра чинијата со храна веднаш до македонското знаме. Најлево е чинијата со храна и австриското знаме, а во средина е чинијата и знакот „икс“ што значи нерешено.

ВИДЕО I Атлетик ја анализира играта на Македонија, имаат одличен пресинг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот