ВИДЕО: Лутон непријатно го изненади Њукасл во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

Денеска во 18 коло од Премиер лигата екипата на Лутон на домашен терен направи изненадување совладувајќи го Њукасл со 1:0.

Стрелец на единствениот гол беше Таунсенд во 25 минута по асистенцијата на Баркли.

На табелата Лутон после третата победа сезонава е на 18 позиција со 12 бодови, додека Њукасл кој го претрпе седмиот пораз е седмопласиран со 29 бодови.

Во саботата се одиграа уште четири натпревари, Вест Хем со 2:0 го совлада Манчестер јунајтед, со истиот резултат Барнли како гостин славеше над Фулам, потоа Борнмут со 3:2 триумфираше кај Нотингем, а Тотенхем со 2:1 го надигра Евертон.

Мечот меѓу Манчестер сити и Брентфорд е одложен поради настапот кој „граѓаните“ го имаат во петокот на Светското клупско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот