ВИДЕО | Mанчестер Сити го прегази Флуминенсе за прва светска титула

Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога против Флуминенсе и вечерва славеше победа од 3:0 во финалето на Светското клупско првенство за прва титула во ова натпреварување.

Многу брзо англискиот гигант стигна до водство, практично од првата шанса за се затресе мрежата на Флуминенсе. Аке шутираше, а одбиената топка дојде до Алварез кој со гради ја испрати во голот.

 

Продолжи Сити да напаѓа и да биде подобриот ривал на теренот и веќе во 27. минута имаше водство од 2:0, Нино си ја погоди сопствената мрежа.

Сликата на теренот не се промени многу и во второто полувреме, па така и победата на избраниците на Гвардиола не беше доведена во прашање. Фоден во 72. минута се погрижи за 3:0, а Алварез кој имаше и една асистенција во завршницата го постигна и вториот гол на средбата за конечни 4:0.

Денес порано во мечот за третото место Ал Ахли беше подобар од Урава со 2:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот