ВИДЕО: Луис Суарез го одигра последниот меч за Гремио, ќе му се придружи на Меси во Интер Мајами

Луис Суарез („Гремио“)/фото: EPA-EFE/Ricardo Rimoli

Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез го одигра последниот натпревар во дресот на бразилскиот клуб Гремио од кој со голем стил се прости – со гол против Васко де Гама (1:0).

Суарез во неделата вечерта доби овации од публиката и не можеше да ги задржи солзите кога во друштво на своето семејство кое се спушти на теренот го погледна видеото кое му го посвети Гремио.

– Напиша прекрасно поглавје од нашата историја. Каде и да си, засекогаш ќе бидеш „бесмртен“ – напиша Гремио на социјалните мрежи.

Суарез постигна 27 гола на 52 натпревари за Гремио, а се очекува да му се приклучи на Интер од Мајами, каде го чекаат неговите поранешни соиграчи од Барселона – Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Токму со Барса искусниот 36-годишен напаѓач ги имаше најголемите успеси во кариерата, четирипати беше првак на Шпанија, еднаш ја освои Лигата на шампионите, севкупно во 191 настап за каталонскиот гигант запиша 147 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот