Бекам прави „мини Барса“: Луис Суарез повторно ќе биде соиграч на Меси!

Лионел Меси и Луис Суарез/фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез од следната сезона ќе го носи дресот на Интер од Мајами, пренесува „Дејли Мејл“.

Искусниот 36-годишен напаѓач наводно постигнал вербален договор со Интер Мајами чиј дрес се очекува да го облече во 2024 година.

Суарез моментно игра за екипата Гремио и доаѓа како слободен играч во Мајами.

Тој ќе потпише договор на една година, со опција за продолжување на соработката на уште една сезона.

Неговото доаѓање јасно покажува дека Интер Мајами има амбиција да ја освои титулата во МЛС следната сезона.

Суарез повторно ќе биде соиграч на Лионел Меси со кој имаа големи успеси во Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот