ВИДЕО: Лофтус-Чик и Леао го водат Милан кон осминафиналето во ЛЕ

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Милан во првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на Европа за пласман во осминафиналето на домашен терен убедливо со 3:0 го совладаа Рен.

По првото полувреме водеа „росонерите“ со погодокот на Лофтус-Чик во 32 минута на стадионот „Сан Сиро“ во Милано.

На стартот од вториот дел (47`) Лофтус-Чик по втор пат се запиша во листата на стрелците за 2:0. Конечниот епилог го постави Леао во 53 минута за потврда на триумфот на Италијанците.

Реваншот во Франција помеѓу екипите на Рен и Милан ќе се одигра на 22 февруари.

Во другите вечерашни мечеви: Бенфика – Тулуз 2:0, Брага – Карабах 2:4 и Ленс – Фрајбург 0:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот