ВИДЕО: Љорис го спасуваше Тотенхем од дебакл против Манчестер јунајтед

„Црвените ѓаволи“ го совладаа Њукасл во Премиер лигата/Манчестер, Британија/19 октомври 2022/фото: EPA-EFE/Andrew Yates

Фудбалерите на Манчестер јунајтед го совладаа Тотенхем во рамките од 12 коло во Премиер лигата на „Олд Трафорд“ со 2:0.

„Црвените ѓаволи“ му се приближија на вечерашниот ривал на четири бода заостанување, но имаат и натпревар помалку. Составот на Антонио Конте одигра еден лош натпревар и да не беше одличниот голман Уго Љорис, ќе доживеше вистински дебакл.

Во првото полувреме Јунајтед беше далеку подобар противник од своите ривали кои само двапати му се заканија на Давид Де Хеа. Шансите за домашните постојано доаѓаа, но Љорис ги запре ударите на Фернандеш, Фред, Рашфорд…

Веднаш на стартот од вториот дел Јунајтед стигна до водство од 1:0 преку Фред по асистенцијата на Фред, а Бруно Фернандеш во 69 минута ги постави конечните 2:0. До крајот на натпреварот Јунајтед можеше да постигне уште некој гол, додека Тотенхем беше целосно безопасен.

Премиер лига, 12 коло

Среда, резултати –

Арсенал – Манчестер сити (одложено)
Бурнмаут – Саутемптон 0:1
Брентфорд – Челси 0:0
Ливерпул – Вест хем 1:0
Њукасл – Евертон 1:0
Манчестер јунајтед – Тотенхем 2:0

Табела:

1. Арсенал 27 бодови
2. Манчестер сити 23
3. Тотенхем 23
4. Челси 20
5. Манчестер јунајтед 19
6. Њукасл 18

ВИДЕО: Ливерпул ги слави Нуњез и Алисон, само бод за Челси против Брентфорд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот