ВИДЕО: Ливерпул ги слави Нуњез и Алисон, само бод за Челси против Брентфорд

Дарвин Нуњез донесе нови три бода за „црвените“ на Енфилд/Ливерпул, Британија/19 октомври 2022/фото: EPA-EFE/Peter Powell

Вторпат оваа сезона екипата на Ливерпул во Премиер лигата успеа да оствари две победи во низа. „Редси“ вечерва на „Енфилд“ го совладаа Вест хем со 1:0, а единствениот гол го постигна Дарвин Нуњез, со глава по асистенцијата на Цимикас во 22 минута.

Нуњез можеше да запише уште еден погодок, но ја погоди стативата во 39 минута. Од друга страна, „чеканите“ можеа да стигнат до бод, но Бовен во 45 минута не реализираше пенал, односно Алисон добро прочита каде ќе шутира и го одбрани ударот за радост кај домашните навивачи.

Бразилскиот чувар на мрежата на Ливерпул уште еднаш се покажа како херој, во финишот од мечот успеа да излезе како победник и во дуелот со Соучек.

Челси не успеа да ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Брентфорд (0:0), додека Саутемптон со голот на Адамс во деветтата минута го совлада Бурнмаут.

Исто така и Њукасл минимално триумфираше над Евертон (1:0), стрелец на голот беше Алмирон во 31 минута на „Ст. Џејмс Парк“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот