ВИДЕО: Ливерпул со пресврт до финале во Лигата на шампионите

Редси по 10 пат во својата историја ќе играат финале во ЛШ/Виљареал, Шпанија/3 мај 2022/Фото: EPA-EFE/Biel Alino

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, вкупно 10 во историјата на „црвените“.

Вечерва составот на Јирген Клоп го победи Виљареал на гостински терен со резултат 3:2 во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите. На првиот натпревар одигран пред шест дена на „Енфилд“ беше 2:0 за англискиот гигант.

По првите 45 минути Шпанците на својот „Ел Мадригал“ водеа со 2:0 со головите на Диа во третата и Кокелин во 41 минута.

Со ваквиот резултат повторно беше вратена неизвесноста во овој двомеч, но во вториот дел следуваше пресвртот на гостите.

Ливерпул дојде и до втор триумф после головите на Фабињо во 62 минута, Дијаз во 67 минута и Мане во 75 минута.

Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити. Во првиот меч беше 4:3 за Сити, а реваншот е в среда во Мадрид (21.00 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот