Сцени од филмот „Голиот пишол“ / Фото: Profimedia

ВИДЕО | Лиjам Нисон во гаќички и сукња против криминалци: Објавен трејлерот за новиот филм „Голиот пиштол“

Љубителите на култната пародија „Голиот пиштол“ („The Naked Gun“) конечно добија прв поглед кон најновото продолжение, во кое главната улога ја презема Лијам Нисон. Тој ќе го толкува ликот на Френк Дребин Џуниор – синот на славниот детектив, кој во оригиналните филмови го глумеше незаборавниот Лесли Нилсен.

Првиот трејлер беше прикажан на годишната конвенција Синемакон, каде беше откриена сцена од полициска акција по грабеж во банка. Во необична пресвртница, мало девојче со огромна лизалка влегува во банката, и покрај предупредувањата од полицијата.

„Што сакаш, малечка?“, ја прашува еден од разбојниците. Но, наместо одговор, девојчето ја симнува маската и се открива дека зад неа стои самиот Лијам Нисон. Неговата лизалка се претвора во смртоносно оружје, а на крајот од трејлерот, актерот се појавува во комична сцена облечен во сукња, под која му се гледаат гаќичките – хумор препознатлив за оваа филмска франшиза.

Фото: Paramount Pictures / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Новиот „Голиот пиштол“ го режира Акива Шафер, а продуценти се Сет Макфарлејн и Ерика Хагинс. Покрај Нисон, во филмот ќе се појават и Памела Андерсон, како и Дени Хјустон, пренесува „Гардијан“.

Оригиналниот „Голиот пиштол“ од 1988 година, во кој главниот лик го глумеше Лесли Нилсен, беше огромен хит, заработувајќи 140 милиони долари и добивајќи одлични критики. По успехот на првиот филм, беа снимени уште две продолженија.

Студиото „Парамаунт“ од 2013 година прави обиди за ново поглавје на франшизата. Првично се разгледувала можноста улогата на Френк Дребин да му припадне на Ед Хелмс, но таа идеја била напуштена. Во 2021 година, Сет Макфарлејн потврди дека тој ќе работи на проектот, што ги разгоре надежите кај обожавателите на овој култен хумористичен серијал.

Новото продолжение на Гол пиштол се очекува да пристигне во кината во август оваа година.

ФОТО | Лијам Нисон по 13 години тага по сопругата, конечно се заљуби: Арно ама…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот