Лијам Нисон/Фејсбук
Лијам Нисон/Фејсбук

ФОТО | Лијам Нисон по 13 години тага по сопругата, конечно се заљуби: Арно ама…

Холивудскиот актер Лијам Нисон неодамна ја обелодени неговата горчливо слатка вистина во врска со неговиот приватен живот, откривајќи дека на скорешното патување во Австралија имал љубовна искра со една жена.

Арно ама…

Прославениот 60 годишен глумец откако почина неговата сопруга Наташа Ричардсон пред 13 години, не беше многу посветен на љубовниот живот, ниту пак имаше јавни „испади“ за емотивно поврзување со кого било.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liam Nison (@nisonl)

Во 2020, службено требаше да остане неколку месеци во Мелбурн, каде се снимаше акциониот филм „Blacklight“. Иако градот беше во „заложништво“ на пандемијата, сепак Нисон имал романтична, замрсена приказна со една жена. Идентитетот не е познат, но позната е дека таа била „недостапна“ за него.

„Ми се допадна Мелбурн. Ја обожавав нашата австралиска екипа, тие се прекрасни работници. Секој сектор беше одличен. Имаат и сјаен хумор“ – изјави актерот за снимањето и атмосферата таму.

Тој стекнал многу пријатели таму, и како што изјави:

„Се заљубив, но таа веќе беше зафатена“ – додава тој.

Лијам Нисон/Фејсбук
Лијам Нисон/Фејсбук

Неговата покојна сопруга Наташа Ричардсон почина во 2009 година, на 45 годишна возраст. Имаше епидурален хематом, два дена откако имаше скијачка несреќа во Квебек.

Лијам години подоцна проговори искрено околу несреќата и начинот на кој таа си замина.

„Беше на апарати. Влегов во собата кај неа, и кажав дека ја сакам. Реков:„Душо, си ја удри главата, нема да закрепнеш од ова“. Таа и јас имавме договор, ако некој од нас се случи да дојде во состојба на растение, да го спасиме од тоа. Тоа беше мојата прва помисла: овие цевчиња мора да ги снема. Така и таа си замина“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот