ВИДЕО: Леброн со Јокиќ и Дончиќ во својата екипа за „Ол-стар“ мечот

Нова фантастична партија на Лука Дончиќ („Далас маверикс“) во НБА лигата/Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс во својот тим го избра Никола Јокиќ како четврти пик, а друштво меѓу стартерите во неговата екипа за претстојниот „Ол-стар“ натпревар ќе му прават уште Лука Дончиќ, Стеф Кари и Јанис Адетокумбо.

НБА лигата повторно јавно и телевизиски го покриваше изборот на екипи за „Ол-стар“ натпреварот кој ќе се одржи на 7 март во Атланта.

Како играчи со најмногу гласови, капитени на екипите се Леброн Џејмс и Кевин Дурент. „Кралот“ Џејмс го избра својот најголем конкурент за наградата за најкорисен играч (МВП) – Јанис Адетокумбо, за прв пик, додека Дурент го избра својот тимски колега од Бруклин, Кајри Ирвинг.

Во тимот на Леброн Џејмс се Кари, Адетокумбо, Дончиќ, Јокиќ, Лилард, Симонс, Пол, Браун, Џорџ, Сабонис и Гобер, а во екипата на Дурент, Бил, Ембид, Ирвинг, Леонард, Тејтум, Букер, Харден, Левин, Мичел, Рендл, Вучевиќ, Вилијамсон, а Дејвис е повреден.

Покрај „Ол-стар“ мечот на паузата помеѓу двете полувремиња ќе биде одржано натпреварувањето во забивања, додека пред дуелот играчите ќе се натпреваруваат во борбата на вештини и брзото шутирање тројки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот