ВИДЕО: Лајпциг го промовираше македонскиот фудбалски „дијамант“ Елиф Елмас

фото: rbleipzig.com

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е на зимски подготовки во Ла Манга, Шпанија, со својот нов клуб Лајпциг.

Потсетување дека нашиот играч потпиша договор со германската екипа до 2028 година.

Елмас веќе тренира со своите нови тимски колеги, во Шпанија тимот ќе има контролен меч пред продолжението на сезоната во Бундес лигата.

„Црвените бикови“ го објавија првото видео за Елмас во кое зборуваше на германски јазик, а се очекува во следните месеци сигурно ќе има за задача да го учи што повеќе за да комуницира уште подобро со другите фудбалери и тренерот Марко Розе.

Македонскиот 24-годишен фудбалер кој може да игра на која било позиција во средниот ред, разновиден играч, за клускиот сајт зборуваше за неговиот трансфер во Лајпциг, за амбициите.

– Секако, сè е многу ново, но беше убаво да се излезе на теренот со момците и стручниот штаб. Марко Розе е многу јасен за она што сака да го види и знае како да се справи и да ги подобри младите играчи. Сега, сè е да апсорбирам сè што можам и подобро да ги сфатам основите на теренот. Како да играм како „десетка“, но можам каде било во средниот ред. Ќе се преселам во Лајпциг со моето семејство. Моите родители и браќата и сестрите ќе дојдат со мене. Мојот соиграч во Наполи, Диего Деме, долго време играше за Лајпциг и добро го познава градот. Ми даде неколку совети. Сакам да научам германски што е можно побрзо. Мислам дека е навистина важно да можам да го зборувам јазикот, бидејќи ќе можам поефективно да комуницирам со моите соиграчи. Дајте ми четири или пет месеци за да се снајдам – вели Елмас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот