ВИДЕО: „Крвавата“ Мајли Сајрус во љубовен занес со Дуа Липа

Фото: Јутјуб

Поп ѕвездата Мајли Сајрус премиерно го објави музичкото видео за песната „Prisoner“ која ја сними со Дуа Липа.

Во спотот, двете поп ѕвезди се наоѓаат во љубовен занес додека пејат за (не)возвратените емоции.

Тие две пред околу еден месец заедно го снимија музичкото видео за оваа нумера во Њујорк.

Песната „Prisoner“ е вториот официјален сингл од претстојниот студиски албум на поп ѕвездата „Plastic hearts“ кој ќе биде објавен на 27-ми ноември оваа година.

Погледнете го видеото…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот