ВИДЕО: Кратко и јасно им порача Меркел на Заев и Борисов

Зоран Заев и Ангела Меркел, ноември 2020 година / Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Германската канцеларка, Ангела Меркел денеска ја поздрави конференцијата на состанокот во Софија, упатувајќи охрабрувачки зборови до премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов.

Меркел на денешниот Самит во Софија нагласи дека Берлинскиот процес секогаш е поврзан со помирувањето на несогласувањата и проблемите од минатото.

-Берлинскиот процес е поврзан со помирувањето на несогласувањата и проблемите од минатото. Преку него се овозможи средба на земјите членки на Балканот. Се надеваме дека и овојпат оваа средба ќе помогне. Она што мора да го кажам е дека мора да се согласувате. Добро е што покажавте дека може да се одржи конференција во ваков период. Го поздравуваме напредокот што го постигнавте. Се надеваме дека овој процес ќе продолжи. Конференцијата овозможи да се сретнат луѓето и мило ми е што и тие ги вклучуваат учениците и училиштата да ја унапредат соработката во науката, затоа што тоа е најдобар начин да се промовира истражувањето и развојот. Тоа ќе ја породобри состојбата во нашите земји- истакна Меркел.

Во тој контекст ги повика сите земји од Западен Балкан да ја унапредат соработката и во науката, затоа што, како што рече, тоа е најдобар начин да се промовира истражувањето и развојот на иновациите.

-Сакам да ве поканам по оваа средба во Софија, сите да дојдете во Берлин следната година се надевам ќе биде можен овој состанок следната година в лето, и уште еднаш ќе согледаме до каде сме стигнале со Берлинскиот процес, заклучи германската канцеларка Меркел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот