ВИДЕО | Кралицата Елизабета со најемотивна божиќна честитка: Ми недостасуваш мој сакан Филип, твојот палав поглед!

Елизабета Втора / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Британската кралица Елизабета Втора призна во текот на традиционалното божиќно обраќање и рече дека ѝ недостасува нејзиниот починат сопруг Филип, неговиот „ѓаволест“ поглед, „добро познатото“ смеење и „пионерската“ посветеност на околината.

„Иако е весел период за многу луѓе, Божиќ може да биде многу тежок за оние кои изгубиле сакана личност. Оваа година тоа особено добро го разбирам“, рекла кралицата во пораката, полична од кога било, снимена во замокот Виндзор.

 

 

Кралицата Елизабета додала дека нашла голема утеха во многубројните почести на војводата од Единбург, кој почина во април на 99-годишна возраст, а со кој беше во брак 73 години.

Во трогателниот говор таа се присетила и на неговото „чувство на одговорност, интелектуална љубопитност и способност да се забавува во секоја ситуација“. „Палавиот сјај во неговите очи на крајот беше ист како и кога првпат го видов“, додала таа.

2021 година беше тешка за 95-годишната кралица, која по смртта на сопругот мораше да се откаже од поголемиот дел од обврските по препорака на лекар и по ноќта помината во болница од нејасно утврдени причини.

Instagram
Фото: Инстаграм

Синот Чарлс и сопругата Камила го поминуваат Божиќ со кралицата, но не и нејзината ќерка Ана, која е во изолација откако нејзиниот сопруг беше позитивен на коронавирус. Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт со трите деца ги поминуваат божиќните празници на истокот на Англија.

Во својот говор, кралицата го споменала и пренесувањето на традициите и вредностите, особено во заштитата на животната средина. Задоволно, таа додала дека „пионерската работа“ на Филип ја продолжиле Чарлс и Вилијам кои присуствувале на климатската конференција COP26 во Шкотска, додека таа морала да го откаже своето присуство.

Кралицата не ги спомнала принцот Хари и неговата сопруга Меган, кои се оддалечија од кралското семејство во 2020 година и живеат во Калифорнија, иако била воодушевена од раѓањето на четвртото дете во кралското семејство во 2021 година, вклучувајќи ја и Лилибет „Лили“ Дијана, второто дете на Хари и Меган.

Кралицата Елизабета Втора исто така, ги спомнала и главните настани во претстојната 2022 година, вклучувајќи ги Игрите на Комонвелтот следното лето и својот платинест јубилеј, со кој се одбележува 70 години од нејзиното стапнување на престолот на 6 февруари 1952 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот