Eлиф Елмас/SSC Napoli

ВИДЕО: Крај за Наполи и Елмас – Комо ќе игра полуфинале во Купот на Италија

Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вечерва доживеа елиминација откако на пенали загуби од Комо со 2-1.

Комо кој сезонава игра одличен фудбал под водство на Фабрегас прв дојде до водство со гол во завршницата од првото полувреме. Батурина од пенал го совлада домашниот голман за водство.

Само што почна вториот дел Наполи се врати во игра и тоа со погодокот на Вергара. Во продолжение водовме по некоја прилика и на двете страни, но резултатот не се промени.

Елмас кој го одигра комплетниот натпревар доби и шанса во пенал серијата во која беше прецизен и постигна гол во петтата серија. Сепак, трагичари за Наполи беа Лукаку во втората и Лоботка во осмата кои не погодија, па тоа беше доволно Комо да слави. Единствен на спротивната страна кој не погоди беше Пероне.

За место во финалето, Комо во полуфиналната пресметка ќе се соочи со Интер, додека во второто полуфинале Аталанта го чека подобриот од дуелот помеѓу Лацио и Болоња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот