ВИДЕО | Конечно слободна! Целосно укинато старателството на Бритни Спирс

бритни спирс слободна
Фото: Принтскрин / Instagram

Бритни Спирс конечно целосно се ослободи од конзерваторизмот кој нејзиниот татко го имаше врз неа кога судијката од во Лос Анџелес го одобри нејзиното барање за укинување на 13-годишното старателство кое ѝ го контролираше животот.

„На сила од денес, конзерваторизмот врз личноста и имотот на Бритни Спирс е терминиран“, објави судијката Бренда Пени за време на сослушувањето.

Одлуката на судијката Пени неизбежно дојде откако и двајцата родители на Бритни, Џејми и Лин, поднесоа петиции за поддршка за укинувањето на конзерваторизмот. Во септември судијката ѝ одобри на Бритни самата да си одбере свој советник и следствено го одобри барањето на адвокатот веднаш да се суспендира Џејми од старателството. За време на сослушувањето, Пени го нарече конзерваторизмот „неодржлив“.

По суспендирањето на Џејми, тимот на Бритни го избра калифорнискиот консултант Џон Зејбел како одговорен за финансиите на ѕвездата, а Џоди Монтгомери остана како старател одговорен за надгледување на нејзините лични односи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @isthatjoycee

Монтгомери веќе поднесе план за завршување на нејзиниот дел, што беше наречено и „безбедносна мрежа“, а на 19 јануари ќе има сослушување на кое Зејбел ќе го разгледува финансискиот трансфер на нејзиниот имот и посед.

Откако конечно го доживеа денот на слобода кој го немаше почувствувано од 2008 година, Бритни се заблагодари на своите фанови кои возбудено прославуваа пред судот во Лос Анџелес.

„Боже мој, ги сакам моите фанови толку многу што е лудо!!! Мислам дека ќе плачам целиот овој ден!!! Најдобар ден на сите времиња…“, напиша Бритни, надополнувајќи ја објавата со нов хаштаг „#freedbritney“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Вереникот на Бритни, Сем Асгари, кој беше покрај неа во текот на целото патешествие околу ослободувањето во текот на денот објави видео снимка на која се појавуваат тој и пејачката со Т-маици на кои го има хаштагот „#FREEBRITNEY“, а под него пишува „Тоа е движење за човековите права“.

„Во тек…“, напиша Сем под видео објавата на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam Asghari (@samasghari)

Подоцна во текот на денот Сем објави фотографија со зборот „Слобода“, а под неа напиша дека „денес се испиша историја“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam Asghari (@samasghari)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот