ФОТО+ВИДЕО | Бритни Спирс се сврши со 12 години помладото момче: На раката ѝ блесна дијамантски прстен

Фото: Инстаграм

Контроверзната поп-ѕвезда Бритни Спирс (39) објави дека ќе стапи во брак со 12 години помладиот Сем Ашгари (27).

Оваа е трета свршувачка за Бритни.  По годините исполнети со скандали и проблеми за поп-принцезата, се чини дека конечно доаѓа периодот во кој таа целосно ќе биде среќна.

Свршувачката доаѓа неколку дена откако таткото на Бритни, Џејми Спирс, одлучи да се откаже од старателството над својата ќерка, кое траеше 13 години.

Бритни и Сем ја објавија среќната вест на Инстаграм, а пејачката се пофали со огромниот дијамантски прстен:

„Едноставно не можам да верувам“, напиша пејачката под објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Бритни и Сем се во врска од 2016 година, а се запознаа кога тој глумеше во нејзиниот спот за песната „Slumber Party“.

И Сем ја објави веста за свршувачката со славната пејачка на својот инстаграм-профил. Тој објави фотографија на која среќниот пар се бакнува, но во фокусот е свршеничкиот прстен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam Asghari (@samasghari)

Пејачката има две деца од претходниот брак со раперот Кевин Федерлајн. Таа беше кратко во брак со нејзиниот пријател од детството Џејсон Александар. Тој брак траеше само 55 часа.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот