Вереникот на Бритни Спирс: Документарците немаат „почит“
Новиот вереник на Бритни Спирс, Сем Асгари вели дека повеќето од претходно – објавените документарци за пејачката немаат оставено добар и соодветен впечаток за Бритни.
Актерот кој воедно е и личен тренер коментираше како документарците кои беа објавени во претходните месеци од страна на БиБиСи и СиЕнЕн не се праведни во прикажувањето на животот и борбата на Бритни, и се надева дека впечатокот кој го имаат оставено ќе биде корегиран со најновиот и долго-најавуван „Britney vs. Spears“ кој ќе биде објавен овој месец.
View this post on Instagram
Филмот „Framing Britney Spears“, кој беше издаден во февруари го разоткри контроверзниот договор со кој таткото на Бритни, Џејми Спирс, има целосна контрола врз нејзиниот живот и кариера.
Следуваа „Toxic: Britney Spears’ Battle for Freedom“ на СиЕнЕн и „The Battle for Britney: Fans, Cash and Conservatorship“ на БиБиСи во мај.
„Се надевам дека овој документарец ќе биде со почит. Не ги обвинувам СиЕнЕн, БиБиСи или Нетфликс (со кои го поминав локдаунот) за пуштање на документарците заради тоа што, како актер, и јас исто така ги раскажувам приказните на другите луѓе. Ги предизвикувам продуцентите кои ги создале само за да „расветлат“ приказна без информација или одобрување од субјектот. Било каква заслуга за осветлување треба да оди за движењето #FreeBritney“, вели Асгари.
Хаштагот кој го спомна Асгари се однесува на проширената кампања поттикната од фановите на Бритни за ослободување на пејачката целосната контрола која нејзиниот татко ја има веќе 13 години.
View this post on Instagram
Според најновите информации претстојниот а воедно и последен филм „Бритни Наспроти Спирс“ разоткрива дека телефонот и пребарувачот на Бритни биле прислушкувани како дел од „родителската контрола“, за да може да се надгледува содржината која таа ја пребарува, под оправдување дека тоа е за нејзина сопствена сигурност и заштита.
View this post on Instagram
Јиласов, член на обезбедувањето кој е интервјуиран во документарецот, детално објаснува како информациите и контактите кои можеле да се најдат на уредите кои ги користела Бритни биле користени против неа со текот на годините, без разлика на легалноста.