Чистење на споменикот „Аполон“ во паркот „Жена борец“ / Фото: Дејан Србиновски - „Слободен печат“

ВИДЕО | Конечно се чистат фонтаните и спомениците во паркот „Жена-Борец“

Паркот „Жена-борец“, кој е една од најпрепознатливните локации за туристите кои доаѓаат во Скопје, сместен спроти Собранието на Македонија периодов ја добива можеби и најголемата грижа во последниве неколку години, откако тој долг период беше оставен на „забот на времето“, со неискосени треви, искршени клупи и споменици, како и нефункционални фонтани и можеби најапсурдниот пропуст – вечен оган што не гори.

Чистење на споменикот „Аполон“ во паркот „Жена борец“ / Фото: Дејан Србиновски – „Слободен печат“

Сепак, денеска во паркот „Жена-борец“ може да се забележат екипи кои го чистат споменикот на „Аполон“ и фонтаната околу него, како и најмаркантниот споменик „Паднати херои на Македонија“, каде што е сместен и „вечниот оган“, кој со години не гори, а местото каде што е сместен и стаклените ѕидови кои се монтирани околу него се валкани и оштетени.

ФОТО | Оштетени споменици, расипани фонтани и вечен оган што не гори во паркот „Жена борец“

Со оглед на тоа што паркот веќе неколку дена активно се чисти и средува, граѓаните најверојатно ќе можат повторно да го посетат „Жена Борец“ и да се прошетаат низ зеленилото и да ги видат исчистените споменици, можеби иповторно ќе се стави во функција вечниот пламен, а и да се надеваме напролет ќе проработат со години нефункционалните фонтани.

Чистење на паркот „Жена борец“ / Фото: Дејан Србиновски – „Слободен печат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот