ВИДЕО: Кон Тетово тргнаа противпожарни возила од Куманово и Кавадарци

ПОЖАР ВО ТЕТОВО
Пожар во Тетово / Фото: Ферхан Мазлами

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски информира дека од Општина Куманово итно се испратени противпожарни екипи како поддршка на ТППЕ Тетово во гасење на активниот пожар во фабриката во Тетово.

Тој додава дека дополнително една цистерна од Ј.П. Чистота и зеленили Куманово дава асистенција на нивните колеги комуналци во Тетово.

Се појавија и снимки од пожарот:

 


Три возила и седум пожарникари од Противпожарната единица од Кавадарци, се веќе на пат за Тетово за да помогнат во гасењето на пожарот кој избувна во фабриката за стиропор Профикс во Тетово. Информацијата на својот официјален Фејсбук-профил ја објави Митко Јанчев, градоначалникот на Општина Кавадарци.

На терен во Тетово во големиот пожар што избувна во поранешниот Тутунски комбинат, се над 100 пожарникари од Тетово, Гостивар и Скопје, а во борбата со огнот вклучени се и полицијата и војската.

ФОТО: Голем пожар во Тетово, се прекинува наставата, граѓаните да останат во домовите

Ангелов: Се работи на детекција за тоа дали постои опасност во воздухот во Тетово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот