ФОТО: Голем пожар во Тетово, се прекинува наставата, граѓаните да останат во домовите

ПОЖАР ВО ТЕТОВО
Пожар во Тетово / Фото: Ферхан Мазлами

Десетина лица побарале лекарска помош поради задушување и тешкотии од вдишан чад, а двајца се примени на хируршкото одделение во Тетово поради изгореници од големиот пожар кој избил изутринава околу 9.30 часот во складот на фабриката за градежни материјали на фирмата „Пофикс“ кои се наоѓаат во поранешните простории на „Македонија Табак“. Во гаснењето учествуваат и полициски хеликоптери.

ПОЖАР ВО ТЕТОВО (1)
Пожар во Тетово / Фото: Ферхан Мазлами

Во склад имало лесно запалива материи. . Меѓу повредените и оние кои побарале лекарска помош има граѓани и пожарникари. Во моментов пожарот го гасат пожарникари од Тетово, а на помош дојдоа и од скопската противпожарна единица бидејќи пожарот е голем и се шири кон останатите магацински простории.

Општина Тетово денеска донесе одлука да се прекине наставата во тетовските основни и средни училишта бидејќи воздухот е многу загаден од пожарот што утрово изби во склад за градежен материјал на фирмата „Пофикс“ од Тетово.

Густиот и црн чад се проширува над целата површина од градот и може да се види од повеќе километри оддалеченост.

Стојанче Ангелов: Се работи на детекција за тоа дали постои опасност во воздухот во Тетово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот