Лернмор Џонаси - Фото: Инстаграм/brobible

ВИДЕО | Комичарот Лернмор Џонаси доби тужба од 20 милиони долари откако ја исмеа култната песна од „Кралот Лав“

Лебоханг Мораке, славниот јужноафрикански композитор и гласот зад култниот воведен дел на песната „Circle of Life“ од филмот „Кралот Лав“, поднесе тужба против комичарот Лернмор Џонаси, барајќи отштета од 20 милиони долари. Причината за оваа драстична мерка е тврдењето на Мораке дека комичарот намерно и со лоши намери го исмевал и погрешно го преведувал значењето на зулу-јазикот во неговите настапи и поткасти, со што му нанел огромна штета на неговиот углед и бизнис односите со “Дизни“, пишува „Верајети“.

Лебоханг Мораке, Лернмор Џонаси – Фото: Принтскрин/ЈУтјуб/Инстаграм

Спорниот момент се случил во поткастот „One54“, каде Џонаси тврдел дека легендарните зборови „Nants’ingonyama bagithi Baba“ немаат толку длабоко значење како што верува светот. Додека композиторот Мораке инсистира на свеченото значење: „Слава на кралот, сите се поклонуваме во негово присуство“, комичарот пред камерите открил дека буквалниот превод од зулу јазикот е всушност многу поедноставен и гласи: „Еве го лавот, татко“. Џонаси се пошегувал дека моќниот вовед е само обичен извик: „Види, има лав. О мој Боже!“, што според тужбата, директно го исмева и деградира уметничкото дело.

Домаќините на поткастот реагирале со смеење, велејќи дека очекувале преводот да биде „поубав и повеличествен“, што за Мораке претставува директно деградирање на неговото уметничко дело.

Во тужбата се наведува дека ваквите вирални изјави директно влијаат на приходите на Мораке и неговите договори со Дизни. Покрај 20-те милиони долари за претрпена штета, тој бара и дополнителни 7 милиони долари како казна за комичарот. Неговите адвокати тврдат дека Џонаси преводот го претставил како „авторитативен факт, а не како комедија“, со што ги изгубил заштитните права што ги имаат пародијата и сатирата.

Комичарот нуди помирување

Од друга страна, комичарот Џонаси, кој моментално е на турнеја во САД, изјави дека е голем обожавател на делото на Мораке. Тој му понуди на композиторот заедно да снимат видео во кое ќе го објаснат вистинското значење на песната.

„Комедијата секогаш е начин да се започне разговор. Ова е ваша шанса навистина да ги едуцирате луѓето, бидејќи сега сите слушаат“, порача комичарот преку социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот