Јужнокорејската поп-ѕвезда Џангкук на отворањето на Светското првенство во фудбал 2022 / 20 ноември 2022. Фото: EPA-EFE/Ronald Wittek

ВИДЕО | По Рики Мартин влезе во историјата: Кој е Џангкук кој пееше на Светското првенство?

На јужнокорејскиот пејач и најмладиот член на БТС, најпознат како Џангкук (25), му припадна честа да настапува на отворањето на Светското првенство во фудбал во Катар. Џеон Џангкук ја изведе песната „Dreamers“, а со тоа повторно влезе во историјата. Покрај сите досегашни достигнувања, со ова се „запиша“ како прв изведувач по Рики Мартин кој на оваа церемонија имаше „официјална соло песна“.

Мартин, да потсетиме, направи општ хаос со песната „La Copa de la Vida“ во 1998 година.

Меѓутоа, песната „Dreamers“ веќе соборува големи рекорди уште на првиот ден од објавувањето. Според светските медиуми, „Dreamers“ од Џанг кук станa најбрзата песна на #FIFAWorldCup која достигна број 1 на iTunes САД за 2 часа и 11 минути.


Судејќи  според коментарите од социјалните мрежи – време е за нова химна.

Во настапот му се придружи и локалниот пејач Фахад Ал Кубаиси, кој е многу познат уметник во Катар.

Инаку, К-поп ѕвездата малку порано замина за Катар, меѓутоа, изненадувањето за сите негови фанови и пошироко не беше откриено речиси до последниот ден. Со оглед на тоа што компанијата зад младиот пејач се огласи на социјалните мрежи за сè – малкумина беа оние кои не се големи фудбалски фанови кои се вклучија за да ја гледаат уверирата во главното шоу.

Самиот Џангкук изјави дека кореографијата ја научил само ден пред големиот настап на грандиозното отворање на Светското првенство во Катар.

Џангкук е познат по своите пејачки и танцувачки таленти, поради кои е и главен вокалист и танчар на музичката сензација – седумчлениот бенд БТС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот