ВИДЕО: Клиперси остануваат во игра за финале, ја намалија предноста на Феникс!

epa09304767 Los Angeles Clippers forward Paul George (13) drives to basket during the third quarter of the game 4 of the NBA playoffs between the Phoenix Suns and the Los Angeles Clippers at the Staples Center in Los Angeles, California, USA, 26 June 2021. EPA-EFE/RINGO CHIU SHUTTERSTOCK OUT

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс го совладаа Феникс со резултат 116:102 во петтиот натпревар од финалната серија на Западната конференција во НБА лигата.

На тој начин Клиперси го намалија водството на Санси на 3:2 најмногу благодарение на Пол Џорџ кој мечот го заврши со 41 поен, 13 скокови и шест асистенци, за негов личен рекорд во плеј-офот.

И покрај големиот притисок поради предноста на ривалот и гостинскиот терен, играчите на тренерот Тајрон Лу самоуверено влегоа во новиот меч од финалната серија и со одлична игра на почетокот на првото и второто полувреме стигнаа до предноста што им ја осигура победата.

Реџи Џексон исто така имаше значаен придонес во триумфот со 23 поени, пет скокови и три асистенции. На спротивната страна за Феникс најефикасен беше Девин Букер со 31 поен, а Крис Пол додаде 22 коша (осум асистенции).

Шестиот дуел на Западот ќе се игра во ноќта помеѓу среда и четврток од 03.00 часот по полноќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот