ВИДЕО | Ќерката на Брус Вилис откри дека ѝ e дијагностициран аутизам: Во минатото се бореше со повеќе ментални нарушувања

Фото: Instagram / buuski

Талула Вилис, ќерката на Брус Вилис и Деми Мур преку социјалните мрежи откри дека ѝ е дијагностициран аутизам како возрасна.

Таа на својот инстаграм-профил ја објави веста дека ѝ е дијагностициран аутизам, заедно со кратко видео од премиерата на филмот на нејзиниот татко „Цели десет јарди“ од 2004 година, во која глуми како 10-годишно девојче.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Кажи ми дека си аутистичен без да ми кажеш дека си аутистичен. Всушност, ова е првпат јавно да ја споделам мојата дијагноза. Дознав за тоа минатото лето и ми го промени животот”, напишала Талула Вилис покрај видеото.

Инаку, ќерката на познатите актери претходно зборуваше за борбата со анорексијата поттикната од телесната дисморфија, како и со останатаи ментални нарушувања. Како што изјави за „Вог“ во 2023 година, таа се бори со анорексија од 2019 година. На 25-годишна возраст, започна со рехабилитација за да се справи со нарушувањето во исхраната и депресијата.

Семејството на Брус Вилис сподели тажни вести за актерот: Нема повеќе радост во него

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот