ВИДЕО | Кинезите се подготвени да ја прослават Лунарната Нова Година, a главни ѕвезди ќе бидат хуманоидните роботи
Кинеските производители на хуманоидни роботи се подготвени да ја прослават претстојната Лунарна Нова Година, а шангајската компанија „Агибот“ претстави шоу во кое нивните роботи танцуваа, изведуваа акробации, магични трикови, пееја балади и настапуваа во комични скечеви.
Препорачано
Се проценува дека 1,4 милиони луѓе го гледаа шоуто вчера на кинеската стриминг платформа „Доужин“, пренесува „Ројтерс“.
Компанијата „Агибот“ го нарече шоуто „првата гала вечер во светот напојувана од робот“, на кое присуствуваа над 200 роботи.
Шоуто беше емитувано на платформите на социјалните медиуми „Редноут“, „Сина Веибо“, „Тикток“и неговата кинеска верзија „Доужин“. Кинеските телевизиски мрежи исто така го емитуваа овој настап.
„Агибот“, кој тврди дека неговите хуманоидни роботи се дизајнирани за низа апликации, вклучувајќи образование, забава и производство, планира да започне почетна јавна понуда во Хонг Конг.
Шоуто се емитуваше една недела пред годишната гала-вечера на Пролетниот фестивал во Кина, која ќе ја емитува државната телевизија ЦЦТВ, а настанот стана важно место каде кинеските производители на роботи ги прикажуваат своите достигнувања.
На овогодишната гала-вечера на ЦЦТВ, ќе учествуваат четири стартап компании кои произведуваат хуманоидни роботи, „Јунитри“, „Галбот“, „Ноетикс“ о „Меџиклаб“.
Државниот весник „Секјурити тајмс“ објави дека токму „Агибот“ нема да присуствува на гала-вечерата во CCTV за да се фокусира на истражување и развој.
View this post on Instagram


