ВИДЕО: Карла Суарез Наваро е чудо – после хемотерапијата започна да тренира!

Фото: instagram.com/carlasuareznava

Шпанската тенисерка Карла Суарез Наваро е на одличен пат да го победи ракот на лимфниот систем и да се врати на тениските терени. Откако во текот на минатото лето објави на социјалните мрежи дека се бори против тешката болест, започна да тренира само неколку месеци подоцна.

За Карла, ова требаше да биде проштална професионална сезона, но оваа пролет, за време на пандемијата на коронавирусот, таа продолжи да работи.

Подоцна, непосредно пред „УС Опен“, таа објави дека е болна и дека ќе мора да мине низ низа терапии. Само три месеци подоцна, Карла објави видео на социјалните мрежи од нејзиниот тренинг во друштво со поранешната италијанска тенисерка Сара Ерани.

Суарез Наваро, освен доколку не се предомисли, нема да се врати во професионалниот тенис, но целиот свет е воодушевен од нејзината голема борба.

Последното видео е секако потврда дека закрепнувањето се одвива според планот и дека наскоро се очекува да биде во ред.

Таа во својата кариера освои три ВТА титули, а нејзин најдобар пласман беше шестото место до кое стигна на крајот на февруари 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот