ВИДЕО: Кари ги врати „воините“ во игра во големото НБА финале

Голден Стејт вориорс го врати брејкот во големото НБА финале/фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Голден Стејт вориорс предводен од Стеф Кари успеа да го совлада Бостон селтикс со 107:97 и да израмни на 2:2 во победи во големото финале во НБА лигата.

Победникот беше решен во последните четири минути во кои кошаркарите на Бостон влегоа со предност од 94:93 по што на сцена стапија „воините“. Прво Клеј Томпсон постигна тројка за водство од 95:94, а потоа погоди и Кари за 97:94.

Во наредните две минути ниту една екипа не успеа да постигне поени, а тој период го прекина Кари со тројка за водство на Голден Стејт од 100:94. Бостон намали преку Хорфорд, но Луни возврати, а точка на натпреварот стави Стеф Кари со погодени пет слободни фрлања по ред.


Кари беше најпрецизен на натпреварот со 43 постигнати поени, а имаше и 10 скока. Томпсон даде 18, а Вигинс 17 поени.

Во редовите на Бостон, Џејсон Тејтум имаше дабл-дабл од 23 поени и 11 скока, додека Џејлен Браун постигна 21 поен.

Следниот натпревар од големото финале се игра во ноќта меѓу понеделник и вторник во три часот по полноќ, а домаќини се „воините“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот