Фото: Screenshot

ВИДЕО | Кандидат за наградата „Пушкаш“: Аргентинец постигна спектакуларен гол со „ножички“

Екипата на Индепендиенте обезбеди пласман во четвртфиналето на аргентинската Примера Апертура со минимална победа од 1-0 над Индепендиенте Ривадавија, но целиот меч ќе остане запаметен по неверојатниот погодок на Сантијаго Монтиел.

Во 57. минута од средбата, Монтиел ја воодушеви публиката и фудбалската јавност со акробатски потег достоен за највисоки признанија. По изведен корнер, одбраната на Ривадавија ја исфрли топката од шеснаесетникот, но Монтиел, кој во тој момент беше свртен со грб кон голот, ја прими топката и од прва ја испрати во мрежата со перфектно изведени ножички.

Неговиот гол веднаш ги преплави социјалните мрежи, а многумина веќе го гледаат како сериозен кандидат за престижната „Пушкаш“ награда која се доделува за најубав погодок во светскиот фудбал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Independiente (@caindependiente)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот