ВИДЕО | Кандидат за наградата „Пушкаш“: Аргентинец постигна спектакуларен гол со „ножички“
Екипата на Индепендиенте обезбеди пласман во четвртфиналето на аргентинската Примера Апертура со минимална победа од 1-0 над Индепендиенте Ривадавија, но целиот меч ќе остане запаметен по неверојатниот погодок на Сантијаго Монтиел. Во 57. минута од средбата, Монтиел ја воодушеви публиката и фудбалската јавност со акробатски потег достоен за највисоки признанија. По изведен корнер, одбраната на …

