ВИДЕО | Кај Ерусалим застрелана Палестинка која наводно носела нож

Кај Ерусалим застрелана Палестинка која наводно носела нож / Фото Твитер

Израелската полиција на контролниот пункт Каландија кај Ерусалим ранила Палестинка завиткана во знамето на милитантната група Хамас, што, како што информираат од полицијата, „спречи терористички напад“.

Жената, која била застрелана од полицијата, носела мал нож. Таа е уапсена на лице место и сега е во притвор, пишува Тајмс оф Израел.

Наводно, до контролниот пункт стигнала пеш и, како што пренесува израелскиот портал, одбила да ги послуша инструкциите на чуварите и припадниците на граничната полиција, кои, според соопштението на полицијата, „брзо реагирале отворајќи оган кон неа и ја неутрализирале.

При претресот на нејзините работи бил откриен мал нож. Никој друг не е повреден во инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот