Кока-Кола рецепт- Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Јутјубер тврди дека успеал да го реконструира тајниот рецепт на Кока-Кола: Ги објави состојките

Јутјубер кој се претставува како ЛабКоатс (LabCoatz) тврди дека успеал да го реконструира строго чуваниот рецепт на Кока-Кола, откако една година го проучувал составот на пијалакот и направил повеќе од сто обиди. Тој вели дека конечно дошол до „точната формула“, пишува.

Јутјуберот е познат на својот канал по научни експерименти, но овој проект предизвика посебен интерес. Видео во кое детално го објаснува целиот процес собра 3,6 милиони прегледи, далеку повеќе од вообичаените, каде бројот на прегледи се движи од околу 8.000 до 668.000.

Објавени состојки на 111. верзија на рецептот

По повеќемесечно проучување на научни трудови и хемиски анализи, јутјуберот ги објави состојките на својата 111. верзија на рецептот. За еден литар пијалак, според него, потребно е: газирана вода, 104 г шеќер, 1 мл ароматичен раствор А и 10 мл ароматичен раствор Б.

Ароматичен раствор А

Овој раствор се состои од мешавина на масла разредени со 95% етанол. Мешавината вклучува:

45,8 мл масло од лимон

36,5 мл масло од лимета

8 мл масло од нероли

4,5 мл масло од касија (цимет)

2,7 мл масло од мускатен орев

p>1,2 мл масло од портокал

p>0,7 мл масло од коријандер

p>0,6 мл масло од морач

Ароматичен раствор Б

Вториот раствор е на база вода и содржи:

320 мл карамел боја

175 г глицерин

45 мл 85% фосфорна киселина

10 мл оцет (5% киселост)

10 мл екстракт од ванила

8 г вински танини

9,65 г кофеин

Резултати и проверка

Според неговите тврдења, луѓето кои ја пробале неговата верзија ја измешале со оригиналот.

Сепак, бидејќи рецептот на Кока-Кола се држи во строга тајност, нема начин официјално да се потврди дали формулата навистина е идентична.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот