ВИДЕО: Јубилеен хет-трик на Роналдо против Норич

Кристијано Роналдо е повторно херојот на „црвените ѓаволи“/Манчестер, Британија/16 април 2022/Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Денеска во рамките од 33 коло во Премиер лигата екипата на Манчестер јунајтед дома со 3:2 го совлада Норич.

Најзаслужен за триумфот на „црвените ѓаволи“ беше Кристијано Роналдо кој забележа хет-трик, негов 50 јубилеен во кариерата.

Португалецот ја започна гол серијата на домаќините во седмата минута, а позитивата ја зголеми во 32 минута на стадионот „Олд Трафорд“.

Непосредно пред паузата намалија гостите преку Дауел (45+1`), а асистентот на тој погодок, Пуки, израмни во 62 минута.

Роналдо својот трет гол, вкупно 15-ти оваа сезона во најсилната англиска лига, го реализираше во 76 минута.

На табелата составот на Ралф Рангник е на петтата позиција со 54 бодови, колку што има и Арсенал на шестото место, „топџиите“ загубија минимално од Саутемптон.

Брентфод славеше на гостувањето кај Ватфорд (1:2), додека Тотенхем изненадувачки загуби пред своите навивачи од тимот на Брајтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот