ВИДЕО: Шок за Тотенхем, Тросар му донесе огромна радост на Брајтон

Леандро Тросар ги донесе трите бода за Брајтон/Лондон, Британија/16 април 2022/Фото: EPA-EFE/Daniel Hambury

Тотенхем до стартот на денешниот натпревар имаше серија од четири победи во низа, а истата ја прекина Брајтон како гостин со 0:1 на теренот во Лондон.

Играчите предводени од менаџерот Антонио Конте ја имаа фаворитската улога, но истата не ја оправдаа пред своите верни навивачи.

Брајтон стигна до својата деветта победа сезонава во Премиер лигата, со погодок реализиран во самиот финиш од средбата.

Стрелец на единствениот гол беше белгискиот интернационалец Тросар кој им избега на противничките дефанзивци и од непосредна близина ја затресе мрежата на Љорис за голема радост на гостинските фанови.

Тотенхем е на четвртата позиција во генералниот пласман со 57 бодови, додека Брајтон е на 10 место со 40 бодови, колку што има и деветтопласираниот Лестер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот