ВИДЕО: Јокиќ со четвртиот трипл-дабл во низа го водеше Денвер до победа
Во НБА лигата изминатата вечер беа одиграни 13 натпревари, а во центарот на вниманието се најдоа две средби. Денвер нагетс славеа против Мемфис гризлис со 122:116, предводени од феноменалниот Никола Јокиќ, кој го запиша својот четврти трипл-дабл по ред.
Препорачано
Српскиот ас повторно беше моторот на тимот, постигнувајќи 26 поени, на кои додаде и 15 скока и 11 асистенции. Сепак, во неговата статистика ќе останат запишани и дури девет загубени топки. За Јокиќ ова беше вкупно 184. трипл-дабл во НБА-кариерата. Но, исто така Јокиќ со споменатите 26 поени дојде до најдобрите 100 стрелци во историјата на НБА.
Убедлив настап имаа и Њујорк никс, кои буквално ја прегазија Филаделфија со неверојатни 49 поени разлика. Конечниот резултат гласеше 138:89, а дури тројца кошаркари на Никс постигнаа повеќе од 20 поени. Најефикасен беше Хозе Алварадо со 26 поени, Микал Бриџис додаде 22, а Карл-Ентони Таунс 21 поен.
Во редовите на Филаделфија единствено Тајрис Макси беше на висина на задачата со 32 поени.
Останати резултати:
Шарлот – Атланта 110:107
Кливленд – Вашингтон 138:113
Орландо – Милвоки 108:116
Бостон – Чикаго 124:105
Бруклин – Индијана 110:115
Филаделфија – Њујорк 89:138


