Никола Јокиќ/Denver Nuggets

ВИДЕО: Јокиќ дојде до нов трипл-дабл, но и промаши шут за победа на Денвер

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да доминира на НБА-паркетите и ноќеска запиша нов „трипл-дабл“, но неговиот одличен настап не беше доволен за победа на Денвер. Нагетс на домашен терен беа поразени од Кливленд кавалирс со 119:117.

Натпреварот донесе вистинска драма во самата завршница, а победникот беше решен од линијата за слободни фрлања, откако Џамал Мареј направи фаул на само една секунда пред крајот.

Донован Мичел беше сигурен и со два коша му донесе водство и победа на Кливленд од 119:117. Во последниот напад, Јокиќ имаше шанса да ја донесе победата за Денвер, но не успеа да погоди исклучително тежок шут за три поени, шутирајќи преку тројца противнички играчи.

Јокиќ мечот го заврши со 22 поени, 14 скока и 11 асистенции. Од игра шутираше 6/11, додека од линијата за слободни фрлања беше прецизен со 10/12. Солидни настапи во дресот на Денвер пружија и Џулијан Стротер и Кристијан Браун, кои постигнаа по 20 поени.

Кај Кливленд, најрасположени беа Донован Мичел со 32 поени и 10 асистенции, како и Џејмс Харден и Џарет Ален со по 22 поена. Харден додаде и 10 скока и седум асистенции, додека Ален натпреварот го заврши со 13 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот хорнетс – Детроит пистонс 104:110
Бруклин нетс – Чикаго булс 123:115
Мајами хит – Јута џез 111:115
Орландо – Милвоки 118:99
Минесота – Атланта 138:116
Њу Орлеанс – Сакраменто 120:94
Денвер – Кливленд 117:119
Голден Стејт – Мемфис 114:113
Лос Анџелес лејкерс – Оклахома 110:119
Портланд – Филаделфија 135:118

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот