ВИДЕО: Јокиќ блескаше во победата над Феникс, Нуркиќ го имаше мечот на сезоната

Никола Јокиќ („Денвер нагетс“)/фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Кошаркарите на Денвер во НБА лигата на тешкото гостувања ја совладаа екипата на Феникс со резултат 119:111, со уште една одлична партија на српскиот кошаркар Никола Јокиќ.

Играчот на Нагетси, Јокиќ мечот го заврши со „дабл-дабл“ од 21 поен и дури 16 асистенции, што му е втор најдобар учинок оваа сезона, и воедно запиша пет скокови.

Значаен придонес во триумфот имаше Реџи Џексон кој забележа 20 поени, а Мајкл Портер 19 поени и 10 скокови.

На спротивната страна најрасположен беше Босанецот Јусуф Нуркиќ кој ја имаше најдобрата партија на сезоната со 31 поен (шест скокови), а неговиот тимски колега Кевин Дурент, кој стана 10 најдобар стрелец во историјата на НБА, постигна 30 поени (11 асистенции).

Денвер е моментно на второто место во Западната конференција (14-6), зад водечката Минесота (14-4), додека Феникс е на шестата позиција (11-8).

НБА лига, резултати

Орландо – Вашингтон 130:125
Бостон – Филаделфија 125:119
Далас – Мемфис 94:108
Торонто – Њујорк 106:119
Њу Орлеанс – Сан Антонио 121:106
Феникс – Денвер 111:109

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот