ВИДЕО | Јелена Карлеуша жешка и на минус 4: Пејачката прошета во провокативно боди и сандали во Белград

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Српската пејачка Јелена Карлеуша покажа дека минусните температури не ѝ претставуваат проблем. Имено, таа храбро излезе на минус 4 и се прошета по белградските улици во секси боди, сандали и масивни црни очила за сонце.

Сепак, со нејзината кратка бунда таа се „погрижи“ да се стопли. Позната како некој што има ексцентрични и провокативни модни комбинации, Јелена немаше проблем да позира во ова издание на Дедиње и да ги почести следбениците со провокативно видео на својот инстаграм-профил.

Обожавателите се воодушевени од нејзиниот изглед, а Јелена покрај провокативното видео на кое се шета по улица, ја објави и нејзината позната песна „Infallible“, чиј текст гласи: „До пеколот одам по скратен пат, правам грешки без промашување“.

Да потсетиме, Јелена неодамна со  своите ќерки одмараше во Дубаи, од каде постојано објавуваше фотографии од своите провокативни модни комбинации.

 

Северина не е единствената: Овие славни дами го изгубија старателството над своите деца

ИНТЕРВЈУ | Златко Јовановски: Јас сум совршен маж, ми фали само уште малку погуста коса и пет милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот