ВИДЕО| Јакимовски: Никогаш нема да имаме цени на станови какви што имавме

Ивица Јакимовски/фото Слободен Печат/слободан Ѓуриќ

Во наредниот период не можеме да очекуваме намалување на цените на становите и нивно враќање на она што беа, вели Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора во разговор за „Слободен печат“.

– Имаме повеќе влезни параметри кои ја определуваат цената на становите. Во сегашната ситуација, ако за една градежна локација во минатото оделе 25 проценти од нето изгрдената површина за сопствениците, или за сопственикот, сега се случува во централно градско подрачје да одат 35 – 40 проценти од вкупната градба. Тоа е резултат на немање доволна понуда на локации – вели Јакимовски.

Како други фактори кои ја определуваат цената, Јакимовски вели дека тоа е цената на трдот и на градежните материјали.

– Тоа што ние сме имале недвижност со достапна цена, да не кажам со многу поевтина, тоа било привилегија. Дека во периодот што доаѓа ќе имаме цени што некогаш биле, тоа е невозможно затоа што сите овие фактори се основ да се формира цената на недвижностите – вели Јакимовски.

Според него и понатаму понудата на станови е помала од побарувачката.

– Ниту еден инвеститор нема да инвестира во станови, ако нема кој да ги купува – поентира Јакимовски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот