ВИДЕО | Ја надмина и „Despacito“: Оваа песна штотуку влезе во историјата

Фото: Промо

Можеби е неговиот единствен хит, но тој сепак го има најпродаваниот хит.

Имено, раперот Лил Нас Х и неговата „Old Town Road“ во која друштво му прави и Били Реј Сајрус официјално се искачија на тронот на најпродаваните песни во историјата на RIAA (Recording Industry Association of America), или Здружението на дискографската индустрија во Америка.

Раперот со овој хит од 2019 година до денес достигна 14 пати платинест тираж, со што од врвот на оваа листа ги симна хитовите „All of Me“ на Џон Леџенд и „Despacito“ на Луис Фонси, Деди Јенки и Џастин Бибер.

Тој со својот историски успех се пофали и на Твитер…


Инаку, песната во 2019 година постигна рекорд во катерогијата песна која најдолго се задржала на првото место на Билбордовата листа (19 пати), а потоа од првото место ја симна песната „Bad guy“ на Били Ајлиш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот