ВИДЕО | Излезе трејлерот за петтата сезона на „Круната“: Погледнете како изгледаат Дијана, кралицата…

Фото: Принтскрин/ Јутбјуб/Нетфликс

Објавен е трејлерот за петтата сезона на серијата „Круната“ (The Crown) на Нетфликс. Дејствието е сместено во турбулентните 90-ти и го следи почетокот на крајот на бракот на принцот Чарлс и принцезата Дијана, но нема да ја покаже нејзината смрт.

За кралското семејство, 1990-тите се опишани како „најголемиот предизвик досега“, со политички и приватни настани кои во голема мера ќе го обликуваат владеењето на кралицата Елизабета Втора.

Таа, во новата сезона, поради прославата на 40-годишнината од владеењето, се осврнува на некои историски пресвртници на кои била сведок дотогаш, како што е појавувањето на масовната телевизија. Кралицата Елизабета го доживува и распадот на Советскиот Сојуз, трансферот на суверенитетот во Хонг Конг што „сигнализира сеизмичка промена во меѓународниот поредок“ и други политички промени, додека сѐ се менува и во Велика Британија.

Што се однесува до приватниот живот на кралското семејство, петтата сезона ќе се занимава со напнатата врска меѓу принцот Чарлс и принцезата Дијана, како и притисокот што Чарлс го вршел врз кралицата за да му дозволи да се разведе од Дијана.

Додека кружат гласини за статусот на врската на Чарлс и Дијана, медиумите ѝ посветуваат сè поголемо внимание, па Дијана одлучува да го прекрши протоколот и да објави книга што ја поткопува јавната поддршка за Чарлс и ги разоткрива проблемите во Куќата на Виндзор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Netflix US (@netflix)


Во новата сезона ќе се појават и Мохамед ал-Фајед и неговиот син Доди Фајед, кои сакаат да добијат „место на кралската маса“, според официјалниот опис на Нетфликс. Но, петтата сезона на „Круната“ нема да ја прикаже трагичната смрт на Дијана во 1997 година, туку тој настан ќе дојде само во шестата сезона, која во моментот се снима.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Crown (@thecrownnetflix)


Трејлерот дава прв поглед на новата актерска екипа, со Имелда Стаунтон како кралицата Елизабета Втора, Џонатан Прајс како принцот Филип, Лесли Менвил како принцезата Маргарет, Доминик Вест како принцот Чарлс и Елизабет Дебицки како принцезата Дијана.

На актерската екипа се придружиле и Клаудија Харисон како принцезата Ана, Оливија Вилијамс како Камила Паркер Боулс, Џони Ли Милер како Џон Мејџор, Салим Доу како Мохамед ал-Фајед и Калид Абдала како Доди Фајед.

Кралицата Елизабета, пред Имелда Стаунтон, ја играа Клер Фој и Оливија Колман, а двете за своите улоги освои награда Еми.

ВИДЕО | Објавен е трејлерот за петтата сезона на серијата „The Crown“: Дали ќе биде прикажана смртта на принцезата Дијана?

Гледаноста на „The Crown“ руши рекорди по смртта на кралицата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот