ВИДЕО: Ивановски со првиот гол за Динамо Букурешт во романскиот шампионат

Мирко Ивановски беше прецизен од пенал во поразот на Динамо Букурешт од Газ Метан (2:1)/Фото: EPA/STIAN LYSBERG SOLUM

Во 12 коло од најсилното романско првенство екипата на Динамо Букурешт загуби на гостувањето кај Газ Метан со резултат 2:1.

Во првото полувреме домаќините водеа со 2:0, погодоци реализирани за период од две минути преку Деакону.

Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски кој го одигра целиот меч за Динамо Букурешт го ублажи поразт во 84 минута од пенал.

Тоа беше прв гол за нашиот 31-годишен напаѓач во петтиот настап во шампионатот за составот на Редник.

Моментно на табелата Динамо Букурешт е на претпоследното 15 место со седум бодови, а во следното коло ќе игра со Рапид Букурешт на домашен терен на 23 октомври 2021 година.

Видео на денот