ВИДЕО | Италијанка ја пее „Море сокол пие“: Старата македонска песна преработена од „Barcelona Gipsy balKan Orchestra“

Најновата преработка на прекрасната македонска традиционална песна доаѓа од работилницата на „Barcelona Gipsy balKan Orchestra“ и одличната вокалистка Маргерита Абита.

Маргерита е Италијанка и е дел од составот „Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO)“, интернационален ансамбл, чија база е Барселона. Специфични по составот, но и начинот на кој ја интерпретираат традиционалната музиката – „Barcelona Gipsy balKan Orchestra“ се вистински мелем за душата, а новиот дух кој ѝ го даваат на музиката од Балканот, Средниот Исток, но и Медитеранот е магија за сите сетила.

„Традицијата на Македонија е собрана во една приказна, една песна, една емоција. Средбата на БГКО со вечната мелодија чија тежина низ вековите обележала генерации… Старата изрека вели: „Низ Босна не пеј, низ Србија не играј, а низ Македонија ниту пеј ниту играј…“ А, сепак, еден нов поглед на стара љубов, карактеристика на оркестарот закотвен во градот на Гауди. Инспирирани од природата со која биле опкружени и концертот чија енергија им останала во сеќавањата, БГКО врзува три балкански земји во една приказна – двете страни на езерото Скадар низ призмата на македонскиот сокол“, велат во објаснувањето зошто ја одбрале токму „Море сокол пие“.

Бендот влегува во деветтата година од формирањето, и периодов ѝ вели топло добре дојде на Маргерита, чија енергија и свежа перспектива внесуваат свежина во сите аспекти на оркестарот, кој од формирањето до денес може да се пофали со повеќе од 1000 концерти, 70 милиони прегледи и повеќе од 130 000 следбеници на Јутјуб.

BGKO го сочинуваат: Маргерита Абита (вокал, Италија), Матиа Скироса (хармоника, Италија), Џулиен Шанал (гитара), Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија), Стелиос Тогиас (перкусии, Грција), Дани Карбонел (кларинет, Каталонија–Шпанија) и Олесандр Сора (виолина, Украина)/Пере Ноалск Туру (виолина, Каталонија – Шпанија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот