ВИДЕО | Италија во шок од тројно убиство: Тинејџер ги убил родителите и помалиот брат со 68 убоди од нож
Италија остана шокирана од бруталното тројно убиство кое го изврши 17-годишниот Рикардо врз неговите татко, мајка и 12-годишниот брат во Падерно.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што пренесуваат италијанските медиуми, 17-годишникот успеал да ги прободе со нож родителите и братот вкупно 68 пати, при што во своето признание тврдел дека ги прободел главно во вратот „бидејќи не сакал да страдаат“.
Според Il Mesaggero, 17-годишникот сега вели дека „да можам, би се вратил во минатото. Не мислев дека ќе стигнам до точка да ги убијам, но во последно време имам мисли за смртта“.
Според истото издание, повеќето од 68-те удари ги добил неговиот 12-годишен брат, а Рикардо со него играл Плејстејшн ноќта пред убиството.
Како што соопшти неговиот адвокат, 17-годишникот тврди дека „не може да објасни што се случило таа ноќ“.
Обвинителите, сепак, веруваат дека се работи за кривично дело со умисла, тврдејќи дека Рикардо го планирал тројното убиство. Како што тврдат, 17-годишникот најпрвин присуствувал на роденденската забава на својот татко и кога останал сам го убил, а потоа ги чекал мајката и братот да заспијат, а пет минути пред два часот по полноќ се симнал во кујната и го зел ножот за да ги убие.
Од своја страна, момчето наводно инсистира на верзијата на „гушење“ што ја чувствувал во своето семејство.
„Тоа беше идеја што се појави во тоа време, да најдам решение за мојата анксиозност што не разбирав од каде доаѓа. Се чувствував задушено, сакав да живеам слободно. Се чувствував осамено дури и меѓу другите. Немав вистински дијалог со никого. Беше како никој да не ме разбираше“.
Како што пренесуваат извори од Обвинителството до италијанските медиуми, 17-годишникот „е свесен за сериозноста на својот чин и дека правдата ќе го стори тоа што е потребно“.


