ВИДЕО: Италија го има најбрзиот човек на планетата, Болт останува недопирлив

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Го имаме новиот олимписки шампион во спринт на 100 метри и официјално најбрз човек на планетата, тоа е Италијанецот Марсел Ламонт Џејкобс.

Италијанскиот натпреварувач триумфираше на трката на Олимписките игри во Токио со време 9,79 секунди за најбрз резултат во сезоната и нов европски рекорд.

На втората позиција се најде Американецот Фред Кирли со 9,84 секунди, а бронзата ја освои Андре Де Грас од Канада (9,89 секунди).

Усеин Болт од Јамајка останува сопственик на светскиот рекорд остварен во Берлин во 2009 година (9,58 секунди), а го држи и олимпискиот рекорд од 2012 година во Лондон (9,63 секунди).

Денешната трка стартува од вторпат откако предвреме тргна Британецот Жарнел Хјуз по што беше дисквалификуван.

ВИДЕО: Испишана историја во Токио, Рохас сруши рекорд стар 26 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот